Пунктот во Уред од денес петок работи во две смени, а од понеделник ќе се аплицира прва доза и „Синовак“

Петар Печков

Од денес петок, вакциналниот пункт во Здравствен дом Велес работи во две смени, поради големиот интерес на граѓаните за прием на вакцина, за заштита од ковид-19. Работното време е од 7,30 до 19,30ч. 

Понеделник и вторник ќе работи и вакциналниот пункт во спортската сала на УЗУС во термин од 8 до 14ч по што таа нема да биде во функција. Откако двете претходни саботи, работеше вонредно пунктот во Уред, бидејќи утре е неработен ден, ниту пунктот нема да работи.

„Во Уред се аплицира прва доза „Фазјер“, прва доза „АстраЗенека“ за лицата над 60 годишна возраст, како и втора доза „Синовак“ ,„Фајзер“ и „АстраЗенека“  а од понеделник имаме најава дека ќе добиеме и кинески „Синовак“ прва доза.  Во пунктот во салата на УЗУС, бидејќи има поголем број на лица кои треба да примат втора доза „АстраЗенека“ понеделник и вторник ќе биде повторно во функција, по што ќе биде затворен“ - кажа д-р- Марина Тодоровска, координатора на вакциналните пунктови во Велес.

Теренската вакцинација привршува понеделник и вторник со посета на селата Караслари и Црквино. Продолжува и вакцинацијата во домашни услови со прва и втора доза, на лица кои се болни, изнемоштени, неподвижни или лица со попреченост.

Можат да се вакцинираат и деца на возраст од 12 до 17 години со вакцината „Фајзер“ без термин, но со задолжително присуство на родител. Таа вакцина се аплицира во пунктот во Уред.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати