РФМ со забелешки за салата во Велес

Петар Печков

Неодамна салата Гемиџии ја посетил комесарот на натпревари на Ракометната Федерација на Македонија Металари. Цел било да се види во каква состојба е објектот, теренот и дали може Велес да биде домаќин на меѓународни натпревари.  Списокот на домашно, кој беше доставен и пред неколку години е идентичен, или во меѓувреме ништо не е решено од тоа што треба да се исполни како услов. 

Во однос на теренот побарано е да се отстранат телескопските -подвижни трибини и зад голот да биде празен простор. Треба да се сруши и забецот по должина на теренот кој е  20 цм. од првиот ред и  виси на теренот. Потребно е и осветлување од 1,2 илјади лукса со лед светилки.   Во однос нa инфраструктурата треба да се уредат сите четири соблекувални, прес салата, просторија за антидопинг, просторија за официјалните лица - рече Златко Гуцев директор нa ЈП Парк Спорт.

Ако велешани сакаат да гледаат меѓународен ракомет но и кошарка и одбојка, футсал потребни се да се решат овие недостатоци.  Недостатоците придонесоа иако првакот на Македонија во футсал КМФ Велес е домаќин на пред квалцификациите во Лигата на шампионите, мечевите во групата на крајот од август и почетокот на септември нема да се играат во Велес туку во Скопје, салата Гемиџии според УЕФА не може да биде домаќин.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати