Работиме нешта кои не прават среќни

Петар Печков

Младите волонтери на Општинскиот црвен крст од Велес  ги  презентираа шесте проекти кои  тие ги изработија годинава во рамки на Програмата за промоција на хуманите вредности. Несебично вложувајќи се да помогнат на ранливи категории, десетици млади велешани преку различни форми обезбедуваа средства за подобар живот на одредени лица, семејства од велешко.  Тим лидерите ги кажаа искуствата, трудот и резултатите кои ги постигнаа за нивниот неколку месечен ангажман.

,,Работиме нешта кои не прават среќни,,

,,Немаше пат, ние го отворивме и оставиме трага на патот,,  

Ова беа речениците, младешки,искрено и човечки,    кои ги освоија присутните на промоцијата  и допреа до нивните срца, 

Прв проект  беше ,,За подобро детство на Јана,, со кој се собирале средства за лекување на неколкугодишно девојче од Велес - Јана која боледувала од леукемија.  Во текот на акцијата се одржувале фудбалски и кошаркарски турнири, собирни акции, хуманитарна забава, но  девојчето починало а средствата кои се прибрале биле пренасочени за момче од Велес кое имало проблеми со видот и му биле итно неопходни за операција во странство, во Германија.

Втор проект е помош ,,сплотени заедно,, за ,,самохраните родители,, кои се наоѓаат во тешка материјална состојба, живеат во супстандардни услови, децата немаат услови за учење. Беа помогнати седум семејства. 

Трет проект ,,насмевка,, со кој се помогна шесточлено семејство, брачен пар со четири женски деца од мултикултурен карактер , во лоша материјална состојба.  Му обезбедиле вработување на сопругот, санирана е куќата,  обезбедени се керамиди, потоа набавена е храна.

Четврт проект  изработен е мултикултурен  краткометражен  филм, кој потоа е прикажуван а средствата собрани се наменети за    момче од Велес кое имало проблеми со видот и му биле итно неопходни за операција во странство, во Германија. Операцијата била успешна и видот спасен. 

Петтиот проект  ,,сплотени раце,,   е во соработка со ПОУ ,,Маца Овчарова,, преку работилници се изработувале  со помош на прехранбената струка на Средното училишта ,,Димитрие Чупоски,,  

 Шести проект да се обнови дворот на Дневниот центар за лица со посебни потреби.  Со помош од повеќе фирми и институции, дворот е обновен. 

loading...

Поврзани »

За првиот мост во Велес
loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати