Работник починал од повреди здобиени на работно место

Петар Печков

Работник починал во фабрика во Кавадарци, соопшти  СВР Велес. Настанот се случил, вчера претпладне, околу 10 ч, во фирма која полицијата не ја именува.

При извршување на работни задачи во фабрикa во Кавадарци, Д.И.(51) од Кавадарци се здобил со тешки телесни повреди од кои починал. Смрт констатирал доктор во болницата во Кавадарци - изјави Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
 
Од кавадречката Болница  кажаа дека кај нив бил донесен пациент, во мошне тешка состојба, на кого помош му давале повеќе доктори.
 
Пациентот не даваше знаци на живот. Му дадовме кардиопулмонална реанимација, со кислородна поддршка, 40 минути се обидувавме да го реанимираме. Направивме се што се може за да го спасиме. Имаше повреди на главата. Тоа се потврди и на рентген снимките, имаше внатрешно крварање во мозокот, скршеници на коски од главата. Други повреди пацинетот немаше - изјави д-р Дано Кулев, кој бил дел од докторската екипа која го примила и давала помош на сега починатиот Д.И.

Од ОЈО Кавадарци кажаа дека обвинител бил  и извршил увид на местото на случувањето и ќе се истражува причината за смртта на работникот. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати