Разбојници утрово ограбиле старица во нејзиниот дом

Петар Печков

Утрово старица  е ограбена во својот дом. Полицијата вели дека го фатила сторителите.

Околу 07.30 часот две маскирани лица влегле во куќа на улица „Вера Циривири“ и од сопственичката Б.М.(68) со закана по извршено пребарување и одзеле кесе во кое имало над 70.000 денари, по што, го напуштиле местото на настанот. По брза интервенција на полициските службеници лишени од слобода се двајцата сторители Е.М.(22) и 16 годишно лице, при што, кај нив се пронајдени одземените пари и истите се вратени на оштетените - изјави Веерољуб Додески портпарол на СВР Велес.

Од таму најавуваат дека по целосно документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати