Разбојништво во дом на жител од Оморани, во Велес жена нападната пред домот одземена чантата со пари

Петар Печков

Ноќеска половина час по полноќ, жител на село Оморани бил огрaбен , откако непознати лица влегле во негивот дом и по закана по живот и го натепале но и ограбиле. СВР Велес со детали за настанот.

„На 14-ти октовмри  околу 00.30 часот во СВР Велес, С.Т.(50) од село Оморани, општина Чашка, пријавил дека две лица со закана влегле во неговиот дом во село Оморани физички го нападнале и му одзеле пари “- соопшт Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Втораникот вечер, пред својот дом, кај старата зграда н театарот, велешнка, која си доаѓала дома, а била во друштво со ќерката, била нападната од две непознати лица, кои и ја одзеле чантата. Настанот го потврдија и од СВР Велес.

„На 12.-ти октомври  20.30 часот во Полициската станица Велес, А.М.(84) од Велес пријавила дека на ул.„Петре Прличко“ две лица и одзеле чанта со пари и лични документи“ - кажа Додевски.

Во средата претпладне во Велес се случили три тепачки, сите во претпладенвните часови. За нив инфомрираа од СВР Велес.  

Ж.Д.(27) од Велес пријавил дека околу 10.30 часот на ул.„8-ми Септември“ во Велес бил физички нападнат од едно лице.   Р.С.(48) од Велес пријавила дека околу 10.30 часот на ул,„11-ти Октомври“ била физички нападната од Р.Н.(60). Во 13.20 часот во СВР Велес било пријавено дека  на ул.„Благој Леов“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Б.(40) од една и З.Р.(40) и нејзиниот малолетен син од друга страна.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати