Разрешен директорот на ЈП Парк Спорт

Петар Печков

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски на прес конференција објави дека е разрешен директорот на ЈП Парк Спорт, Златко Гуцев.  Коцевски детално објасни поради што го презел овој потег, откако претходно му дал 10 дена сам да се повлече. Откако Гуцев тоа не го сторил, Коцевски решил  директорот да биде разрешен. На директорот му се забележува за незадоволителни резултати и неповолната состојба во материјално финансиското работење на ЈП.   

Не е изготвен годишен финансиски план и покрај законската обврска. Со немање таков план, без да се знае потребата исплатени се 402 илјади денари за адвокатски услуги, за совети. Ги добиле тројца адвокати. Ревизорите сметаат дека тие правни совети можеле да ги завршат стручните служби на ЈП. Незаконски се ангажирани осум лица со договори на времени вработувања. Законот дозволува ангажирање поради итност по еден месец, два пати во годината, преку Агенцијата за вработувања. Овие осум лица незаконски се ангажирани подолго. Исплата на плата е без внатрешен правилник и утврдена вредност на бодот . Плаќано е обезбедување кое физички не било присутно во објектот - рече градоначалникот Коцевски.

Ова ЈП  има шест вработени лица заедно со директорот.  Коцевски додаде дека за дел од состојбите таму има вина и во претходното раководство ,проблемите влечеле корени од пред тоа.  Дополнително во рок од пет дена Коцевски ќе именува вршител на должност директор на ЈП Парк Спорт.  

И покрај обидите да даде одговор за разрешувањето и состојбите во ЈП Парк спорт, Гуцев не одговараше не телефонските повици. 

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

  • од јавното здравство
  • од приватното здравство
  • комбинирам
Резултати