Ракометарите на Борец го победија Прилеп во Супер лигата

Петар Печков

Ракометарите на Борец  тргнаа моќно во   новата сезона на Супер лигата. По нерешениот исход во првото колов против Пролет во Скопје, во третото коло победија на домашен терен. Во салата Гемиџии ГРК Борец славеше со 29:22 (16:8) против екипата на Прилеп  2010. Велешани беа екипата која постојано беше во водство  и уште во 20 минута  по 12:4 навестија дека ќе бидат победници. До крајот на средбата домаќините  без многу проблеми го одржува водството  и на крајот славеа за три бода. 

Најефикасен во редовите на Борец беше Ордев со  осум гола,  а кај гостите Тренчески со седум. Во следното коло ГРК Борец гостува во Битола против Пелистер, кој е лидер на табелата со две победи и еден пораз.

Во Втората лига ФК Борец гостуваше во Радовиш на екипата на  Плачковица и  загуби со 1:0 ,со гол кој  гои прими во  судиското продолжение а стрелец беше Роберт Коцев. Со овој пораз лошата слика од стартот на првенството се комплетираше, со уште послаби игри и бледи изданија на велешкиот второлигаш, кој најави борба за Прва лига.   

Така по 6 кола Борец 1919 се најде на скромното шесто место со  девет бодови. В сабота е важен натпревар оти на Градски доаѓа лидерот Беласица, која има 6 победи од шест натпревари или двојно бодови повеќе од велешани.  Средбата се игра со почеток од 14,30ч.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ОКТОМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каков превоз најчесто користите?

  • автобус
  • автомобил
  • воз
  • комбинирам
  • такси
Резултати