Ракометарот Петров потпиша за РК Гвадалахара

Петар Печков

Велешкиот ракометар Костадин Петров (27 год)  кариерата ја продолжува во Шпанија, во РК Гвадалахара. Оваа информација ја објави шпанскиот весник ,,Марка,, .

Петров кој потекнува од РК Борец како пивот следните две сезони ќе настапува за шпанскиот лигаш, кој оваа сезона ја заврши на 12-тото место од 16 екипи.  Тој во Македонија има настапувано за РК Радовиш, РК Куманово, РК Металург и РК Пелистер.

Петров беше член на македонската ракометна репрезентација на минатогодишните Медитерански игри во Тарагона Шпанија.

Екипата на РК Гвадалахара има повеќе засилувања за следната сезона и нов тренер со нови амбиции за висок пласман.   

Во најсилната шпанска лига АСОБАЛ настапува и велешанецот, интернационалецот Дарко Димитриевски во екипата на Синфин Сантандер. 

Младиот  ракометар Тоше Ончев пак изминатата сезона настапуваше во францускиот второлигаш Верноле. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати