Распишан конкурсот за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебната 2018 -2019 година

Петар Печков

Комисија за стипендирање на  талентирани ученици и студенти  го распиша конкурсот за  оваа наставна година 2018/19. 

За учебната 2018/ 2019 година, Општина Велес ќе додели 10 стипендии на талентирани ученици од III-IV година во средно образование.Стипендијата е во висина од 1.500 денари месечно , а се исплатува 9 (девет) месеци во годината. 

Десет стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно , а се исплатува 9 (девет) месеци во годината. Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Македонија, а  ги исполнуваат следните услови:

Редовни ученици од средно образование со континуиран одличен успех,  кои освоиле I наградa на државни натпревари или I, II, или III награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот.

Редовни студенти со континуирано студирање, кои освоиле I награда на државни или I, II, или III награда на  меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот, при што приоритет имаат кандидатите кои освоиле повисока награда, а кои во претходните години на студии постигнале просечен успех од 9.00 и над 9.00.

 Услови за да се добие стипендија е  кандидатите  да се жители на Општина Велес и да се државјани на Република Македонија. Пријавата со потребните документи се доставуваат во затворено плико со назнака  „За Комисијата за стипендирање на талентирани ученици и студенти на Советот на Општина Велес“ ул.„Панко Брашнар”  бр.1 Велес со доставување во Општинскиот центар за услуги или по пошта.

Рокот за поднесување на документите е од  22.11.2018 до 3.12.2018 година. Пријавата може да се подигне заедно со другите обрасци во Општинскиот центар за услуги или на веб -страната на Општина Велес каде има повеќе информации за конкурсот.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати