Распууууст

Петар Печков

Од денес, петок 9-ти јуни заврши наставата за учебната 2016/17-та година.   

Околу 7,5 илјади ученици во основното и с редното образование се на распуст. 

Околу 500 ученици деветто одделенци ќе преминат во повисок степен на образование. 

ТрМр им посакува топло и безгрижно лето.

На одмор се до  1-ви септемвир, петок кога  училниците  пак ќе ги примат учениците. 

Еве кое училиште колку ученици посетуваа настава. 

             Основни училишта:

1.    Блаже Конески – 1127

2.    ЈХК Џинот – 373

3.    Благој Кирков – 330

4.    Св. Кирил и Методиј – 605

5.    Стојан Бурчевски Буридан 96

6.    Рајко Жинзифов 183

7.    Васил Главинов 1818

(центално училиште - 1282, Раштани – 13, Превалец – 40, Бузалково- 348, Сливник- 88, Клуковец – 47)

            Средни училишта

 Коле Неделковски - 667

2.    Димитрија Чуповски - 545

3.    Гимназија Кочо Рацин - 586

4.    Јовче Тесличков 403

 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати