Расте бројот на лица во изолација и самоизолација во велешко

Петар Печков


Во период 22/23.06.2020 год. има 13  ново регистрирани лица со Решениe за изолација во Велес, а со Изјава за самоизолација има 25  нови лица  во Велес.  Вкупно со Решение во изолација има  92 во Велес а со Изјава за самоизолација има вкупно 70 се во Велес, информираа од СВР Велес.
                               
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што, сите ги почитувале овие мерки -  стои во соопштението на СВР Велес потпишано од портпаролот Верољуб Додевскски.
 
Во овој период за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети се вкупно 50 лица  во Велес. Паричната казна за ова е 20 евра, а доколку се плати во рок од осум дена казна е  10 евра или 620 денари.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати