Рацин како поет е под заштита на УНЕСКО соопшти проф. д-р Људмил Спасов (фото)

Петар Печков

Поетот Рацин е под заштита на УНЕСКО. Ова ново сведоштво, кое малкумина го знаеле, за прв пат на јавноста и го соопшти  проф. д-р Људмил Спасов на отворањето на 56-тите Рацинови средби.  Тој како доказ ја покажа книгата издадена од УНЕСКО -Светската организација која ја промовира културата.  Со оваа книга Рацин, пред триесетина години влегува  во изборот  на словенските писатели, на светското наследство.

Да знаеме и да бидеме горди, дека Кочо Рацин е под заштита на УНЕСКО, како што и е Охридското езеро.  За жал,  држава сме која не знае да ги памети традициите.  Малкумина го знаат ова, кое се случи во СФРЈ во средината на 80-тите години. Тоа беше голема културна акција на УНЕСКО  во која се влезени најзначајните словенски писатели. Меѓу сите нив е и Кочо Рацин. Тешко било во рамките на Југославија да се пробие македонски поет,  благодарејќи пред се на Матеја Матевски, Борис Вишински, Рацин влегува во оваа едиција, се преведува и се печати -кажа  д-р Људмил Спасов.   

Тој книгата ја подари на велешкиот Народен музеј. Таа е напишана на француски јазик, како еден од официјалните на УНЕСКО а текстот во неа е дело на академик Александар Спасов. 

Информација беше презентирана на  изложбата на книги  ,,Белите мугри  издадени на други јазици,, а книгите  се од приватната  архива на академик Алаксандар Спасов .  Меѓу нив  беше и оригиналното издание на ,,Бели мугри,, отпечатена 1939-та во печатницата на Драгомир Шпулер во Самобор, близу Загреб.  

Да не заборавиме тогашниот тираж на книгата бил четири илјади примероци, што за денешни услови во 21 век во земјава е незамисливо - потенцираше Људмил Спасов .

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати