Реакции на програмата за култура

Петар Печков

По заедничка средба меѓу директорите на десет национални установи за скандалозната распределба на пари во Министерството за култура за националната програма за 2019 година, договорено е тие да бараат ревизија на програмата и средба со премиерот Зоран Заев.

На средбата учествувале директорите на Македонскиот Народен Театар, Драмски театар, Театар Комедија, Турски театар Скопје, „Антон Панов” Струмица, „Марко Цепенков” Прилеп, „Јордан Хаџи Константинов Џинот” Велес, „Трајко Прокопиев” Куманово, Народен театар Битола и Центарот за култура од Битола.

„Во исчекување сме на средба со надлежните“, велат тие во заедничкиот допис.

 Велешкиот театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот за три премиери ќе добие две милиони денари наспроти бараните 4,2 милион. Или велешки театар добива за три претстави колку гостиварскиот за една. 

Реагираат и од Ансамблот  Керамичар кои побарале средства за концерт по повод јубилејот 65 години од постоењето а не добиле ниту денар. Така едно од најстарите фолклорни ансамбли е избришан од годишната програма.

Писмена реакција стигна и од Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес.  ,,,најстарата стрип манифестација во Македонија, Интернационалниот стрип салон којшто од 2018 г премина во неколкудневна меѓународна стрип колонија, првпат после 18 год не се финансира од Министерството за култура. Овој салон ги отвори вратите на младата македонска стрип сцена кон стрип сцени, манифестации и фестивали од странство. Стрип книгите кои се усвоени за финансирање  , се со премногу мала , мизерна сума која не го покрива ни печатењето.

За потсетување дека во финансирањето на годишната програма ги нема ,,Рациновите средби,,  Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, ,Фестивалот на фолклорни ансамбли Велес.  Ова се должи на тоа што Општина Велес согласно новите критериуми на Министерството за култура не можела да аплицира на конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати