Ревија на француски филмови (видео)

Петар Печков

Во организација на Францускиот институт викендов во Велес  ќе бидат прикажани три француски филмови. Тие се дел од  програмата ,,10 години француски филмски фестивал,,. 

Фестивалот е поддржан од  Народниот театар  „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ на чија сцена ќе се прикажат филмовите и од Општина Велес.

Петок, 16 јуни,  на програмата е  Семејството Белие  - комедија на Ерик Лартиго. 16 годишната Паула е незаменлив преведувач за нејзините глуви родители и братот, особено околу водењето на семејната фарма. Еден ден професорот по музика открива дека Паула има талент за музика и ја охрабрува да учествува на престижен натпревар во Париз што може да и обезбеди успешна кариера и универзитетска диплома. Сепак, одлуката ќе значи напуштање на семејството...

Сабота, 17 јуни е најавен Човекот кој многу го сакаа,  трилер на Андре Тешине.   Агнес Ле Ру, Млада независна жена по пропаднатиот брак се враќа во Ница. Нејзината мајка, богата вдовица, се бори за сопственоста на казино на француската ривиера и успева. Она што следува ќе го избрише семејството. Самоволно исчезнување или планирано убиство...

Недела, 18јуни е филмот  ,,Принцезата од Монпансје,, драма на Бертран Таверние. Базиран на романот на славната Мадам де Лафајет, филмот ги осудува војните меѓу католиците и протестантите што ја растргнаа Франција во XVI век. Главна хероина е Марија Мезиер чија љубов ќе биде изиграна кога од политички причини татко и ќе ја принуди да се омажи за Филип Монпансје...

Почеток на проекциите е во 20 часот, освен во  петок кога е во 19,30ч.  Влезот за сите три проекции е  бесплатен, со тоа што  филови имаат македонски превод.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати