Режисерот Ивановски в.д директор на велешки театар

Петар Печков

Повеќе именувања на локално ниво, две на национални институции и една општинска. За  в.д директор на Центар за култура Јордан Хаџи Константинов Џинот - Велес   е поставен театарскиот режисер Александар Ивановски.  Од актуелните претстави негови режисерски се ,,Синиот портокал,, и  ,,Шумата на моето дрво,,. Има поставувано претстави и во  Романија и Чешка. Тој ќе биде на оваа позиција се до распишување на конкурсот и избор на директор. Според писменото известување од Министерството за култура досегашниот в.д.  директор Младен Крстевски е разрешен поради тоа што не работел во согласност со Законот и статутот  констатирани во Записник од 23.11.2018 година од извршениот вонреден инспекциски надзор во НУ Центар за култура Јордан Хаџи Константинов Џинот - Велес од страна на инспектор за култура.

Регистрационото одделение на Централен регистар на Македонија, за Велес доби нов раководител. Тоа е дипломираниот економист Јане Стојанов. Ова позиција повеќе време, неколку години беше празна. 

За директор на Хемиското училиште ,,Димитрие Чуповски,, по распишаниот конкурс е избрана Маја Хеско, која претходниот период беше в.д. директор а во претходни мандати и директор на оваа образовна институција.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати