Резултати на велешките екипи изминатиот спортски викенд

Петар Печков

Победа за одбојкарите на ГОК Борец на гостувањето во Дебар, против екипата на  ОК Дибра Волеј, со максимални 3:0 (-15, -12,  -21). Ова беше второ коло од државното првенство и прва радост за велешкиот лигаш.   Во следното коло, на домашен терен, ГОК Борец игра со екипата на ОК Лирија, која во двата натпревари, забележа два порази.

Фудбалерките на ЖФК Борец на гостувањето во Битола,загубија со 3:0, откако делегатот не дозволил на шест фудбалерки, кои се носители на играта, да  настапат, оти немале  документ преглед од спортски доктор а велешанки кои досега настапувале со документи од интернист. Тоа им ја олеснило обврската на домаќинките, кои победиле над девојчиња, кои имале по 14 години. Во следното коло во Велeс на Градски гостува високо пласираната екипа на Ас Јунајтед од Струга.

Победа и пораз забележаа ракометарите на РК Борец овој викенд во двата натпревари од Прваа лига група А. Во саботата загубија од второ пласираната екипа на табелата,  РК Аеродром,  со 24:45 (13:21) а во неделата победија против РК Риниа со 40:34 (23:16). По овој викенд, по пет одиграни кола РК Борец е шести  со шест бода од две победи. Во следното коло кое се игра во Велес РК Борец игра со РК Преспа 2015,  состав  има исто така две победи а в недела игра со РК Драчево, кој е на делба на првото место со 13 бода , четири победи и едно реми.

Се одигра второто коло од Третата лига Југ а екипите од ОФС Велес забележаа победа и два порази. На домашен терен во Превалец со високи 7:2 победа за ФК Превалец над екипата на ФК Марена.  Во прилепско Мажучиште од домаќинот ФК Динамо со 2:0 загубија фудбалерите на ФК Илинден БС. Во Дојран од ФК Дојранско езеро загубија фудбалерите на ФК локомотива од Градско.

Во следното трето коло, се игра в среда,  е локалното дерби во Башино село ФК Илинден БС и ФК Превалец.  Во Градско ФК Локомотива го пречекува ФК Младост од Удово. Натпреварите започнуваат во 15ч.

Во Третата лига Исток, каде настапува ФК Работник од Лозово, забележа пораз на домашен терен од  ФК Чешиново со 0:2.  Во следното коло играат со екипата на ФК Раклиш во Радовиш.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати