Реиздадена е книгата „Мојот Велес“ од Никифор Смилевски

Петар Печков


Реиздадена е книгата „Мојот Велес“ од  Никифор Смилевски кој почина пред неколку години. Во книгата  тој  пишува 13 текста за дела, личности и настани од историјата на градот, помалку познати а кој авторот ги истражувал.  Поради големиот интерес за неа, таа е повторно отпечатена во ограничен тираж.

Раскажува за Невенка  Вујиќ - голема љубов на Рацин, за поп Данаил, за последната фотографија на Коле Неделковски, за фотографиите на Пингов и Поп Јорданов  - солунските атентатори , за Андреја Дамјанов, првиот фотограф   велешанецот  Хаџи Косте, кој само  по 16 години од изумот на фотографот сликал со  него, за  првите македонски дипломати браќата Петкович родени во Башино село

Во книгата акцент е ставен на периодот  од  19-ти век, време на  преродбата, кој остави силен траг во  живеењето во Велес.  

Авторот Никифор Смилевски беше дописник на Македонското радио од Велес из д себе остави повеќе книги за градот, за неговата историја и личности, кои тој ги истражувал. Книгата ја реиздаде неговито син Лазар Смилeвски и  можете да ја порачате тука. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати