Реконструиран тротоарот од Офицерски до аптека, засадени нови 40 садници

Петар Печков

Заврши реконструкција на тротоарот на улица ,,Благој Ѓорев", покрај Офицерски,до Аптека, спроти Пошта.  Обновена е  површина од околу 1.100 м2 и вкупна вредност на градежните работи од 2,1  милион денари, средства од Општинскиот буџет.

Поставен  систем капка по капка за наводнување и засаден е  дрворед со  40 повеќегодишни дрвја каталпи, во вредност од околу 150 илјади денари, тротоарот е поплочен со бехатон - соопштија од локалната власт. 

Во период од два месеци додека траеше реконструкцијата на тротоарот во должина од 250 метри,  беше отстранет асфалт, бетон и земја, поставени се подземни кабли на А1 и Телекабел, извршено е  тампонирање и набивање.

Кај дел од јавноста реконструкцијата, поточни сечењето, отстранувањето на дел од повеќегодишните листопадни дрвја на овој простор, предизвика реакции, за кои  локална власт објасни дека се деградирани и стари  Тие беа заменети со нови, исто како и старите исушени дрвја пред Жито Вардар. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати