Рекордна посета на музејот Метрополитен

Петар Печков

Њујоршкиот музеј Метрополитен имал вкупно седум милиони посетители во текот на изминатата фискална година, која заврши на 30 јуни.  Освен главната зграда на Петтата авенија на Менхетн, има и две филијали – Мет Клосјерс и Мет Бројер,

Драстичното зголемување на тој број се должи на отворањето на Мет Бројер, кој го посетиле 505.590 луѓе, објави управата.

Изложбите, како што се „Ерусалим 1000 - 1400“ и „Макс Бекман“, имаа по околу 200.000 посетители, додека пак „Времето на империјата: Кинеската уметност во времето на династија Кин и Хан“ (досега) има 300.000 посетители, а нејзиното затворање е на 16 јули.

Рекордот го држи изложбата под наслов „Изложба на модата во добата на технологијата“, затворена на 5 септември 2016 година, со 752.995 посетители.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати