Републички награди за учениците од Коле Неделковски

Петар Печков

Во Кавадарци се одржаа XXXII Државни натпревари на електромашинските и сообраќајните училишни центри. Домаќин на натпреварите беше СОУ „Киро Спанџов“ од Кавадарци. Учениците од ССОУ „Коле Неделковски“ под менторство на нивните професори покажаа одлични резултати освојувајќи 3 први места, 2 втори места и 5 трети места и 5 пофалници.

Прво место освоија:
Влатко Саздовски - Машинобравар, со ментор Мице Стеваноски
Никола Танев - Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, со ментори Иванов Томислав и Гордана Мулева
Бранко Стојановски - за направен труд од областа на електротехниката, со ментор Никола Дечев

Второ место освоија:
Марио Ивановски и Мартин Пејчевски

Трето место освоија:
Јован Ивев , Бојан Митковски, Јасмин Нумановиќ, Горан Кочкаров, Кристијан Павловски .

Пофалници добија:
Војче Атанасов,  Валентин Величковски, Ване Иванов, Филип Кавазов и
Баже Николовски


Во училиштето СОУ „Јане Сандански“ – Штип се одржа 49 – тиот  Државен натпревар на младите истражувачи од Република Македонија. Ученикот Андреј Михајлов од 4 -6 клас го освои првото место во областа Автоматика и роботика со ментор проф. Никола Дечев. На овој натпревар земаа учество четири ученици од ССОУ „Коле Неделковски“ во четири различни области: Математика, Астрономија, Електротехника и електроника и Автоматика и роботика.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати