Родителството се учи, трибина на УНИЦЕФ во Велес

Петар Печков

Најновите сознанија во науката покажуваат дека во првите години од животот, човечкиот мозок се развива со брзина која никогаш потоа нема да се повтори. Секое поединечно искуство на детето влијае врз развојот на мозокот и го обликува начинот на кој тоа размислува, чувствува, се однесува и учи во текот на животот. Ова беше кажано на синоќешната трибина  Разговори за родителството во Велес,, која се одржа под покровителство на УНИЦЕФ , во големата сала на велешки театар. Исполнетоста на просторот зборува за интересот кој оваа тема го предизвика кај велешани. 

Лекцијата дека и родителството се учи е исклучително важна, бидејќи е прв и значаен чекор кон практика за стекнување нови родителски вештини, а со тоа и кон искоренување на негативните искуства во детствотоo - рече Бенџамин Перкс претставник на УНИЦЕФ во Македонија.

На трибината се говореше  за развојот на детскиот мозок, емотивното приврзување, градењето на карактерот, родителските стилови и ефектите од негативните искуства врз детскиот развој.

Семејството е место во кое започнува и во најголем дел се остварува социо-емоционалниот развој на децата. Градинките и училиштата се исто така важни, но тие не можат да постигнат успех со децата ако не се посвети внимание во семејството - изјави професорката Алма Тасевска од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет

Љубовта доаѓа природно, но успешното родителство се учи, нагласија учесниците. 

Многу е важно да се разликуваат поимите карактер и темперамент. Темпераментот е вроден, а карактерот се стекнува. Децата тоа го прават учејќи од примерите што ги гледаат, па затоа улогата на учителите и на родителите е исклучително важна - кажа  Кирил Барбареев  професор на Факултетот за образовни науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Тие  зборуваа за развојот на мозокот преку емоциите, различните родителски стилови, емоционалната поврзаност, развојот на карактерот и влијанието на негативните искуства од детството. 

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати