Ромите во Велес живеат во лоши услови за домување

Петар Печков

Во Велес според статистиката живеат 677 жители Роми, додека неофицијално бројката се движи околу илјади.  Нивните домови се во населбите Рамина -Кумсал, Костурница, Прцорек.  Здружението „Ромски Деловен Информативен Центар” (ЗРДИЦМ) од Скопје истражувало во какви услови живеат Ромите во Велес . 

Ромите во Велес живеат во  неурбанизирани, стари, руинирани и неквалитетно изградени куќи. Само помалку од половината од куќите се легализирани, голем дел немаат струја и вода, поради неможност да си ги платата сметките - кажа Рамуш Мулај, координатор на проектот. „Мапирање на разликите во домувањето за Роми“ финансиран од ЕУ.  Дел од него е и филм снимен за животот на овие луѓе во Велес. 

Од  ЗРДИЦМ потенцираа дека повеќе од половината од велешките Роми, аплицирале за легализирање на нивните објекти, а повеќето од половината   од тие што аплицирале биле  решени. Постапките за легализација биле во прекин затоа што  немало  урбанистички планови во населбите во кои живеат а кои локалната власт  треба да ги донесе,  за овие куќи  да  се легализираат. 

Од Општина Велес, појаснуваат дека им излегуваат во пресрет на граѓаните Роми и за нив изготвуваат бесплатни елаборати за легализација. Згора на тоа  половина од дивите објекти кои се на нестабилно подрачје како што е месноста Рамина,  кои  не можат да се решат оти  сопствениците мора да достават и елаборат за статика на куќата за да може понатаму да продолжи постапката. Со донесување на таа документација објектот може да се легализира, објаснуваат од локалната власт.   

Неодамна беа потпишани 16 договори со општините од земјава, меѓу нив и Општина Велес,  на кои ќе им бидат распределени средства од републичкиот Буџет за 2019 година за поддршка за имплементација на Стратегијата за Ромите.  Секоја од 16-те општини, вклучувајќи ја и Општина Велес,  ќе добијат  по 150.130 денари.

Со ова одлука, Владата уште еднаш ја потврдува заложбата за инвестирање во сите региони на земјата со цел да придонесеме што е можно повеќе за подобрување на уловите за живот на нашите граѓани - велат од Министерството за локална самоуправа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати