Ронтис прекинува со работа до 10-ти ноември, поради случаи на вработени позитивни на ковид-19

Петар Печков

Од раководството на Фабриката на швајцарски  Ронтис, лоцирана во близина на Велес, која произведува медицинска опрема и е извозно ориентирана,  денес соопштија дека ќе ја прекинат работата до 10-ти ноември.

Ова откако деновиве било извршено тестирање на дел од вработените и се дијагностицирани неколку позитивни случаи,сите асимптоматски.

Во интерес на здравјето на сите наши вработени, нивните семејства и јавното здравје, веднаш по добивањето на резултатите, Ронтис како општествено одговорна компанија, одлучи привремено целосно да ја затвори фабриката. Сите вработени ќе бидат исплатени во целост, како да доаѓале на работа -изјавија од Ронтис.

Поради зголемен број на позитивни случаи на ковид-19 во општината,   РОНТИС на сопствен трошок одлучил превентивно да направи тестирање на дел од своите вработени.

Фабриката повторно се отвора на 10-ти Ноември 2020 година, по претходно организирано тестирање на сите вработени, повторно на трошок на компанијата, и вонредно специјално дезинфицирање на фабриката.  Доколку се случи и на ова тестирање да се појават вработени кои се позитивни на ковид-19,, тие ќе бидат изолирани, а останатите вработени ќе почнат со работа - додаваат од менаџментот.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати