СДСМ бара вонредна седница на Советот, за безбедноста во општината

Петар Печков

Владејачката  коалиција побара вонредна седница на Советот на Општина Велес, која ќе биде затворена за јавноста и ќе се расправа за безбедносната состојба. Ова го кажа координаторката  на советничката  група на СДСМ Весна Стојанова Богоевска, на крајот до 51-вата седница на Советот, која заврши во вторникот навечер. 

Таа не ги кажа причините но барањето доаѓа по неколкуте инциденти кои изминатиот месец ги полена црните хроники од медиумите. Тука се убиството во Долно Караслари, обидот за убиство на полицаецот на гробиштата на Св. Спас, сообраќајка кога автомобил излета од автопат пред Велес,  сообраќајка со еден починат и четворица повредени на железничкиот премин кај  Ногаевци а биле носени на дијализа, сообраќајката кај Кула со еден починат,  велешанецот кој каснат од куче падна во провалија и тешко се повреди, ограбената банка во центар на градот. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати