СДСМ -Општина Велес во долгови до гуша

Петар Печков

Локалната власт минатата година ја завршила со долг од  76 милиони денари, што е за 212 повеќе отколку во 2015-тата. Згора на тоа Општината на ЈКП Дервен му должела  64 милиони денари.

Ова на прес конференција го објавија велешките социјалдемократи. Нивните податоци се темелат на бројките од кварталниот извештај,  кој се најде на последната седница на Советот на Општина Велес.  

Општина Велес под раководство на Чадиев ја заврши 2016 година со долг од над 76 милиони  денари, односно над 1.200.000 евра доспеани и  неподмирени побарувања. За споредба 2015-та  година заврши со над 55 милиони  денари долг од доспеани и неподмирени побарувања. Овој долг од ден на ден постојано растеше за на крајот 2016 година да финишира со над 1.200.000 евра побарувања. Поради неспособноста на локалната власт основните и средни училишта должат еден милион евра поради што трпат учениците. Дополнително, Општина Велес има долг од над еден милион евра или 64 милиони денари, кон ЈКП Дервен – изјави Весна Стојанова Богоевска, портпарол на велешката СДСМ. 

На ова реагираа од локалната власт. Тие кажаа што сработија но не и колку општината должи.

На СДСМ  очигледно им смета фактот што во изминатиот период Велес е претворен во вистинско градилиште и градежната офанзива на локалната самоуправа вроди со плод, кој е пресликан во задоволство кај граѓаните. Господа од СДСМ граѓаните на Велес се задоволни што во изминативе скоро четири години Градоначалникот Чадиев реализираше над 400 проекти. Само во делот на инфраструктурата реализирани се 120 проекти. Реконструирани се голем дел од патните правци и улиците. Извршено е асфалтирање на 5 регионални и магистрални делници, 13 улици, бетонирани се 44 и поплочени 15 улици или делови од нив. Изградени се два нови кружни текови, еден пешачки мост, целосно е реконструиран мостот „Гемиџии“ – стои во писмената информација од Општина Велес.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати