СДСМ -долговите на локалната власт стасаа до 92 милиони денари

Петар Печков

Општинската СДСМ  од Велес, на прес конференција  ја актуализираше финансиската состојба на локалната власт.

Остварените финансиски резултати на Општина Велес за првите три месеци од оваа година, само ја покажуваат реалната лоша состојба за којашто алармиравме подолго време. Доспеаните, а ненамирени обврски достигнаа рекордно највисоко ниво до сега и изнесуваат над 92 милиони денари. Реализацијата на приходите на буџетската сметка се на значително ниско ниво од само 9%.  Нема инвестиции во многу активности  кои значат развој на општината.  Општината не реализирала ниту една инвестиција за заштита на животната средина и природата, за јавната чистота и пречистување на отпадните води – изјави Весна Стојанова  Богоевска.

Од Општина Велес со писмено соопштение реагираат дека ова се конструкции на локалниот огранок на  СДСМ.
Буџетот на Општина Велес е целосно ликвиден и во добра кондиција. Редовно се подмируваат сите обврски кои ги има локалната самоуправа. На полето на инвестициите ќе напоменеме дека во првиот квартал од годината реализирани се над 30 проекти кои значат подобар живот за граѓаните на Велес.  Целосно се неточни тврдењата дека нема капитални инвестиции. Се изгради препумпна станица за вода во населбата Трпезица, поставен е камен темелник за изградба на надпатник во Башино село. Реконструирани се 19 улици во градот и во населените места со вкупна должина од  4 км. – стои во реакцијата на локалната власт.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати