Сабота собирна акција за смет во зелениот појас околу Топилница

Петар Печков

За Денот на екологијата и Денот на пролетта, сабота 23 март  во Велес ќе се одржи акција за чистење. Акцијата ќе се одвива на локацијата зелен појас околу Топилницата и ќе започна во 8,30 ч. која се спроведува со ЈКП Дервен. 

Зелениот појас околу Топилницата е прва зона но многу неуреден и нечист, преполн со комунален отпад и градежен шут. Затоа се одлучивме за оваа локација. Ги повикувам граѓаните, граѓанските здруженија и претставници на бизнис заедницата  да се приклучат - рече градоначалникот Аце Коцевски. 

Учениците од средните и основни училишта ќе се приклучат кон акција со чистење на дворните места околу училишните згради. Со механизација, трактори, камиони кон еко-акцијата се приклучени и градежни фирми од Велес - Изгрев, Трго цемент, Делта пром  инженеринг.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати