Саздов - сомнеж на извршена голема кражба на гласови во Велес

Петар Печков

Аце Коцевски не го избра народот. Бираше партиската полиција во име на граѓаните.

Најнапред би сакал да се заблагодарам на сите граѓани кои успеаја да го остварат своето право на глас. 

Особена благодарност на граѓаните кои својот глас го дадоа за ВМРО-ДПМНЕ, и покрај сите, невидени, брутални притисоци од страна на полициската власт на СДСМ.Вчера во Велес немаше слободен изборен ден. 

Во Велес вчера владееше целодневен полициски час воведен од страна на полициската власт на СДСМ.  Велес вчера ги имаше најнеслободните, најнедеморатските избори од кога постои независна Македонија.

На илјадници велешани вчера им беше одземено правото на глас од страна на полициската власт на СДСМ. 

Вчера во Велес гласаа само 29 832 граѓани. Велес не памти кога претходно гласале помалку од 30 илјади граѓани. 

Само пред неколку месеци, на парламентарните избори во декември, гласаа 3 483 граѓани повеќе отколку вчера. Овој број е уште подраматичен кога ќе се спореди со претходните локални избори, кога гласаа 4019 луѓе повеќе отколку на овие недемократски избори. 

Причината е партиско-полициската група на СДСМ која изминатите денови вршеше невиден терор и притисок врз членовите и активистите на ВМРО-ДПМНЕ и кулминираше вчера на денот на гласањето.

Цел Велес виде како криминалното подземје и партискиот врв на СДСМ во Велес координирано делува со полицијата во текот на целиот изборен ден, запирајќи и легитимирајќи активисти на ВМРО, но и обични граѓани кои се упатуваа на гласачките места за да си го остварат правото на глас. 

Активисти на СДСМ се возеа низ цел град во полициски возила и тоа претежно на места кои важат за места каде ВМРО-ДПМНЕ традиционало победува со голема разлика. Партиски активисти во полициски возила заедно со полициски службеници. 

Ова досега никогаш не е видено во Велес. Тоа што се случуваше вчера на денот на гласањето беше само продолжение и кулминација на сето она сценарио што СДСМ и МВР го спроведуваа претходните денови. Почнувајќи од блокирање на проектите ''изградба на кружен тек кај Панини'', реконструкцијата на градски пазар и изградбата на мостот кај Башино село во текот на кампањата, преку неосновани и оркестрирани задржувања во полиција на активисти на ВМРО ДПМНЕ во текот на викендот пред изборите, завршувајќи со буквално полициски час кој СДСМ го спроведе на самиот изборен ден.

Покрај ова, цел кочан со изборен материјал е евидентиран дека наместо во Велес завршил во Струмица. Никој не знае колку гласачки ливчиња завршиле во Струмица, дали биле употребени и каде завршиле. 

Наместо гласањето да се прекине, тоа продолжи како ништо да не се случило. Како случај со гласачки ливчиња да завршат во друг град да е некоја мала работа и како да се случува вообичаено.

Никогаш претходно ова се нема случено. Ова е основ за сериозен сомнеж на извршена голема кражба на гласови во Велес. 

Во секоја демократска земја правото на избор е основно човеково право. За жал, тоа право беше погазено на вчерашните локални избори во Велес. 

Огромен број велешани, не по сопствена волја, не го остварија уставно загарантираното право, слободно да гласаат на овие избори. Тоа право им го одзеде полициската власт на СДСМ. 

Во наредните денови ќе излеземе со поконкретни податоци и информации во врска со тоа што се се случуваше вчера во Велес, како и случувањата непосредно пред изборниот ден- изјви Петре Саздов од кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за советник во Општина Велес. 

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com