Самозапалување на пелетите и техничката неисправност на сондата во силосот е причина за пожарот во Маслодајна

Петар Печков

Самозапалувањето на пелетите  и техничката неисправност на сондата, која ја мери температурата во внатрешноста се причините за пожарот, кој од петокот попладне гори во еден од силосите на велешка прехранбена индустрија ,,Благој Ѓорев,,.

Ова го констатирала општинската инспекторка за животна средина Билјана Манаскова Шуркова, по извршениот вонреден   инспекциски надзор   на Маслодајна.  При тоа било констатирано  дека во фабриката  во петокот во 14 ч. е случен пожар на силосот за складирање на пелети од лушпи од сончоглед во количина од 400 тони.

На лице место менаџментот на компанијата и вработените вршеле гасење на материјалот со вода и извлекувале  пелети од силосот, кој со градежни колички се отстранувал на безбедна далечина од силосот поради ладење. Тоа било причината што во  околина се чувствува интензивен мирис на гареж од изгорениот материјал.

И денес рачно се изнесуваат останатите 100 тони пелети, а се работи во тешки околности. Пожарникарите сведочат, објаснуваат дека пелетите биле како лава, кои создавале пламени јазици  кои излегувале надвор од вратата на силосот и додаваат  дека пожар во силос, бара друг пристап, од конвенционалните пожари и специфични услови за гаснење.  Материјалот во силосот имал потенцијал за самозапалување, како резултат на хемиски реакции во внатрешноста на силосот. 

Доколку навреме бев известена, ќе помогнев пожарот да не добие вакво размер, ќе се побараше помош и од други институции.  Раководството на Маслодајна  сака да ја минимизира сериозноста на ситуацијата.  Евидентно е дека во случајот има доста пропусти, дел од нив не се во мојата работна обврска и затоа ќе ги информирам другите инспекторати да постапат.  ,,Благој Ѓорев,, е најинспектирана инсталација на општина Велес  - изјави Манаскова Шуркова.  

Одговарајќи на новинарско прашање, дека наспроти реакциите на јавноста, мерните инструменти на Министерството за животна средина не регистрирале високи вредности, Манаскова Шуркова е со мислење  дека тие се лоцирани во оддалечен дел на градот и загадувањето не се проширило  кон локацијата каде е мерното место, во населба Тунел.   Што се однесува на поплаките на граѓаните, дека облакот од чад, се јавувал исклучиво во ноќните часови, таа објасни:  

Петокот вечерта веќе бил изнесен дел од пелетите и во силосот имало пазен простор, кој бил исполнет со гасови, поради што жарењето на материјалот е поинтензивно.  Така овие гасови преку отворот на силосот излегуваат надвор, се ширеле во околината а граѓаните биле вознемирени. Така било и следните денови.  Овде нема класичен пожар, туку димење на жариштето кое излегува надвор -дополни Шуркова Манаскова.  

На прашањето дали и каква е состојбата со сондите во друдите силоси, инспекторката кажа дека тоа не е во нејзиниот круг на работа, за што ќе ја известела техничката инспекција.

Овој силос, каде е регистриран пожарот, бил за чување на сончоглед и во него има елеватор, кој треба да го меша за да нема самозапалување на материјалот.  Кога материјалот е складиран, доаѓа до биолошки и хемиски реакции, развивање на температура, која може да доведе до вакви  самозапалувања. Точно таа сонда, која ја мери температурата, најавува дека се случува некаков процес. ,,Може да дојде и до експлозија, со катастрофални последици.   Во фабриката мима складирано хексан, се произведува масло за јадење кое е лесно запалив  и потребно е д се почитуваат мерките за заштита при работа,, вели Манаскова. 

Отстранетиот материјал од силосот се одложувал  на страна, на ладење по што треба да се и отстрани депонира, оти нема никаква употребна вредност,изгорен е. Пелетите биле од лушпи од сончоглед, набавени од Бугарија.  

Инспекторката  појасни дека не е таков случајот од инцидентот кој се случи на 26 јули, исто така во Маслодајна.  

..Барав информација но не ми се јавија. По неколку денови, не истиот, бев известена дека бил запален филтер на системот за отпрашување., во котелот во котларата.  Тоа беше пожар, во помал обем, кој беше брзо саниран... 

Градоначалникот Коцевски најави дека согласно Законот за животна средина, ќе бидат изречени казнени мерки и кон правното лице и кон одговорното лице.

,,Каков е планот за справување со пожар во силосот и дали воопшто го има?” праша Коцевски 

Маслодајна се уште немаа ,,Б,, интегрирана еколошка дозвола, која е во постапка од 2013-та, но имаат дозвола за усогласување. Најголема пречказа добивање ,,Б,, дозвола според Манаскова Шуркова  биле котлите за работа. Во фабриката имало три котла, два на мазут, еден на пелети. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати