Само 192 евра по жител Општина Велес трошела од Буџетот, најмалку во регионот

Петар Печков

Општина Велес  издвојувала најмалку пари по глава на жител од локалниот Буџет, за  развој на локалната инфраструктура. И тоа било така пет години по ред. Ова го покажува анализата на Општинските Буџети во периодот 2013-2017 година, неодамна објавени од невладината организација Активо. Општина Велес како најголема општина во регионот, издвојувала најмалку пари по глава на жител. Најслабиот резултат е во 2013-та година кога потрошила по 182 евра за секој граѓанин што живее на нејзината територија.   Ова е најлош резултат од сите девет општини во анализараниот период од пет години. Се однесува на општините од Вардарскиот плански регион (ВПР) Кавадарци, Неготино, Росоман, Свети Николе, Градско, Чапка, Лозово, Демир Капија. 

Во истиот период Општина Велес планирала  секоја година да потроши по 256 евра за секој граѓанин, но таа потрошила по 64 евра помалку, односно во просек 192 евра. Или најмногу потрошила во 2016- та 200 евра по човек, наспроти просекот на регионот кој бил 244 евра.  Во 2014-а потрошени биле 191 евро а просекот на регион е 229 евра по глава на жител. Следната 2015-та година Општина Велес потрошила 195 евра а просекот на ВПР е 251 евро.

И во 2017-та потрошила 194 евра наспроти просекот од 268 евра.  Анализирано е и како се планирал и реализирал Општинскиот Буџет за истите пет години 2013/2107. Во 2013-та година Општина Велес планира Буџет од 12 милиони евра кој од година во година постојано расте и стигнува до 15,7 милиони евра во 2017-та.

Реализацијата на Буџетот не го следи планирањето. Реализираниот Буџет во 2013-та година е скоро 10 милиони евра а во 2017-та потрошени средства од Буџетот на Општината биле само 10,5 милиони евра. Просечната реализација на Буџетот на Општина Велес за периодот 2013/17 за сите пет години изнесува 76%. Таа од година во година континуирано се намалува. Така во 2013-та реализацијата на Буџетот стигнува до највисоки 83% а во 2017-та паѓа на најниски 67%. Тоа е пад од цели 16 отсто за период од пет години.

За овие пет години планираниот Буџет на Општина Велес расте за 3,7 милиони евра додека реализираниот Буџет има зголемување од само половина милион евра. Треба да се знае дека Општина Росоман троши најмногу пари по глава на жител во Вардарски плански регион,за овие пет години просечно 243 евра а најмногу во 2017а-та 316 евра. 

Каква е состојбата во соседните општини.   

Просечната реализација на Буџетот на Општина Чашка за сите пет години е 78% и се движи од 83% во 2013-та на 74% во 2017-та  и реализацијата се намалува за 9 отсто. Планираниот Буџет на Општина Чашка во овој период се зголемил за половина милион евра додека реализацијата  пораснала за 230 илјади евра. Во 2013-та Општина Чашка планирала Буџет од 1,9 милиони евра кој пет години подоцна пораснал на 2,4 милиони евра. Реализацијата од 1,5 милиони евра во 2013-та во 2017-та пораснала на 1,8 милион евра.  Во периодот 2013-та 2017-та Општина Чашка планирала годишно да троши 301 евро по жител а трошела 68 евра помалку по жител, или во просек 233 евра. Локалната власт најмалку средства потрошила 195 евра по жител во 2013-та а следната година 2014-та најмногу 274 евра. 

Просечната реализација на Буџетот на Општина Лозово  за сите пет години е 76% и се движи од 88% во 2013-та на 62% во 2016-та  и реализацијата се намалува за 20 отсто, со тоа што во последната анализирана година 2017-та се бележи раст. Планираниот Буџет на Општина Лозово во овој период се зголемил за 260 илјади  евра додека реализацијата  пораснала за 120 илјади евра. Во 2013-та Општина Лозово планирала Буџет од 690 илјади евра кој пет години подоцна пораснал на 870 илјади евра. Реализацијата од 540 илјади  евра во 2013-та во 2017-та пораснала на 650 илјади евра. Во периодот 2013-та 2017-та Општина Лозово планирала годишно да троши 340 евро по жител а трошела 84 евра помалку по жител, или во просек 256 евра. Локалната власт најмалку средства потрошила 187 евра по жител во 2014-та а следнета година 2015-та најмногу 271 евра.

Просечната реализација на Буџетот на Општина Градско за сите пет години е 82% и се движи од 95% во 2013-та на 58 % во 2017-та  и реализацијата се намалува за 37 отсто. Но вреди да се напомен дека четир години Опшината имала висок процент на реалазиција  кој бил 82%, 94% и 82%. Планираниот Буџет на Општина Градско  во овој период од пет години се зголемил за скоро  еден  милион евра додека реализацијата  пораснала за 300 илјади евра. Во 2013-та Општина Градско планирала Буџет од 760 илјади евра кој пет години подоцна пораснал на 1,7 милиони евра. Реализацијата од 720 илјади  евра во 2013-та во 2017-та општината потрошила  еден  милион евра.  Во периодот 2013-та 2017-та Општина Градско планирала годишно да троши 319 евро по жител а трошела 70 евра помалку по жител, или во просек 249 евра. Локалната власт најмалку средства потрошила  по жител во 2013-та 201 евро  а следната година 2014-та најмногу 273 евра. 

 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати