Сведок потврди дека анестезиолозите вечерта биле полупијани

Петар Печков

Сведок, кој бил на работа критичната вечер во гевгелиското кафуле ,,Сити кафе,,  го препозна еден од обвинетите доктори, дека дошол  таму  во полупијана состојба и порачал уште некоја. Во судницата на Основен суд Велес, беше посочен и сведокот го препозна доктор анестезиолог Томе Ванчев. Бил во друштво со сега покојниот доктор анестезиолог Зоран Јовановски.  Во кафе барот  дошле околу 18,30 ч а заминале околу 20,30ч. 

Седеа околу два часа, испија 3-4 коњака и заминаа. Не  можам да  кажам дека  ги повикаа, но станаа и си отидоа. Седеа токму спроти мене од шанкот и добро се сеќавам. Дојдоа во полупијана состојба. Сега починатиот доктор Јовановски го знам како добар човек, тој  често доаѓаше, за разлика од тука присутниот кој тогаш дојде прв пат. Дојде и пред три месеци со други колеги,тогаш пиеше кафе– сведочеше Александар Манчевски.

Судењето за обвинетите доктори во случајот со починатата  родилка Маја Кадиева и нејзиното бебе продолжи  со сослушување на сведоците  на  одбраната.  Сведочеа медицинските сестри кои критичната вечер 22 октомври 2015-та биле во операционата сала, овој  пат како сведоци на одбраната откако претходно сведочеа по барање на обвинителството. Една од сестрите ги опиша моментите на родилката пред таа да биде внесена во сала.

Жената не беше вознемирена. Го потпиша документот за операција и чекаше  да започне царскиот рез во нејзината соба. Царскиот рез секогаш се закажуваше попладне оти во Болницата во Гевгелија немавме гинеколог – рече Фикрија Дуева акушерка.  

Инструментарката Анѓа Милевска пак не се сеќава што се случувало во операционата  сала, не ги видела што работат докторите, што се случувало со пациентката  оти биле посветен на нејзината задача, на инструментите.  

Обвинети за смртта на родилката маја Кадиева  се анестезиологот  Томче Ванчев (56 год) од Гевгелија и  гинеколозите  струмичаните Венци Чалков (50 год) и Дончо Москов (59год), за ,,тешки дела против здравјето на луѓето,,. Кадиева и нејзиното бебе починаа при породување во гевгелиската болница  на 22  октомври 2015-та година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати