Сведочење - Тамара беше донесена во болница без знаци за живот, ја реанимираа 45 минути

Петар Печков

Во Основен суд Скопје 1 денес продолжи  судскиот процес  на обвинетите за смртта на  малата Тамара од Велес.  Сведочеа  д-р Розета Босилкова, специјалист педијатар, и Татјана Атанасова претставник од ЈЗУ Општа Болница Велес  од Велес.

Розета Босилкова, матичен доктор на Тамара, во судот дошла  со здравствениот картон на девојчето.  Босилкова кажа дека последната евиденција на Тамара  е седум месеци пред смртта, на 19.08.2014 година и тогаш е земен упат за Клиника за ортопедија. За смртта на Тамара, матичната  дознала од медиумите. Починатото девојче  во болницата во Велес била донесена како итен случај, а од обдукцијата Босилкова дознала дека причината за смртта е пневмонија.

Правникот Атанасова објасни дека во велешката Болница утрото а било донесено девојче на десет  годишна возраст без знаци на живот. Ја примил анестезиолог Станиша Стојнев заедно со педијатар Зорица Ковачева.

Детето беше аспирирано, интубирано и реанимирано по протокол во време траење од 45 минути. Обидите не беа успешни бидејќи било донесено без знаци на живот. Не дишело и имало обилно повраќана маса, слуз, лиги. Не можам да кажам дали итната медицинска помош веднаш реагирала, но од искуство знам дека веднаш реагираат. Од наша страна не беше издадена посмртница, туку само изјави,  се чекаше на резултат од аутопсија - изјави Атанасова. Таа додаде дека во велешката болница нема пулмологија.

Третиот сведок Јован Грковски поранешен директор на ФЗО не бил присутен  како сведок на денешното рочиште.

Обвинителството ги товари за кривичното дело ,,несовесно работење во службата,, тогашните директори на ФЗО  Маја Парнаџиева – Змејкова и Џемаили Мехази,  и докторите Владимир Поповски, Александар Чапароски, Лилјана Тозија, Наталија Долненец Банева и Никола Граматиковски, како членови на првостепената комисија која го донела првостепеното решение со кое се одбива лекувањето во странство на малолетната Тамара Димовска и против Александар Стојановиќ, Шабан Мемети, Ристе Симеонов, Елена Трпковска и Аспазија Софијанова како членови на второстепената комисија кои го потврдиле првостепеното решение. Тамара Димовска почина чекајќи да биде пратена на лекување во странство. 

Следното рочиштето е закажано за  27. јануари, 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати