Свечена заклетва на 31 генерација војници на АРМ (фото)

Петар Печков

Во велешката касарна ,,Алексо Демниевски Бауман,,   се одржа свеченост по повод давањето заклетва на 31 генерација на војници доброволци, но и на кандидатите за офицери за служба во АРМ.   Следните три  месеци обука ќе имаат 56 кандидати, од нив 6 се девојки.  

Овде има ред, дисциплина. Сакам да дадам поттик на сите девојчиња кои сакаат да пристапат во АРМ, нека дојдат ќе имаат ново искуство во животот - рече  Моника Стојчевска од Куманово, која има 19 години.  Слободан Петревски (24год)  од Гостивар кој се пријавил да служи војска веднаш откако го завршил  во Тетово факултетот за прехранбена технологија и нутриционизам.     

Да се биде војник е посебна чест. Со денешната заклетва вие слушателите и вие  војниците се обврзавте на највисоките уставни и човечки вредности.  Служењето  воен рок и работење во АРМ, ќе има влијание во вашиот натамошен животен пат, пред се со искуството  кое тука ќе го добиете и со предизвиците со кои ќе се соочите  -    рече генерал  Мухамед Рацај, заменик началник на Генералштабот на АРМ.  

Армијата е заедничка вооружена сила на сите граѓани  и тука нема место за етничка, партиска, верска или било која друга подвоеност. Војничката средина овозможува подобро да ги запознаете другите, нивните обичаи, култура и традиции. За идните офицери кои  дојдовте на оваа свеченост  од логорување, ви претстојат месеци на специјалистичка обука. Патот кон офицерскиот чин е тежок а вас ви остана полесниот дел затоа што следува делот кој е поврзан со досегашното школување – порача Газменд Абдиу потполковник во АРМ.

Регрутирањето на високо квалитетен,  мотивиран и високо обучен кадар е клучен предуслов за јакнење на  оперативните и борбени способности на  армијата и императив за безбедноста на Македонија. Тука ќе се стекнете со знаења  и воени вештини,  кои ќе ве направат подобри личности и подобри граѓани на Република Македонија   – рече Елизабета Чуповска Ристова  државен секретар во Министерството за одбрана. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати