Седумнаесет трактори смет собрани за три дена чистење по првомајскиот излет

Петар Печков

Три дена  комуналците од ЈКП Дервен го чистеа  сметот кои посетителите го оставија по првомајскиот празник на излетничките места во околината на Велес. При тоа собрани се 17 трактори со отпадоци. На езерото Младост и на реката Бабуна, долниот тек, биле собрани 25 м3 ѓубре кое надлежните го прибираа.

Повеќето од сметот беше покрај брегот на езерото Младост каде се работеше два дена,  додека помалку покрај реката Бабуна каде се чистеше еден ден  -информираа од ЈКП Дервен.

Хартија, пластични шишиња, искршени и неупотребливи викенд столчиња, заборавени скари, се најдоа во стотиците килограми смет кои завршија на градската депонија.

Од ЈКП Дервен апелираат овој простор, кој служи за излет и сега е чист во пресрет на летната сезона,  гостите  на езеро Младост да ги користат кантите за отпад а на Бабуна контејнерите, за да не се повторува оваа грда првомајска слика.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати