Седум наместо 12 години затвор за Павле Гулевски за разбојништво над старица

Петар Печков

Велешанецот Павле Гулевски (43 год) доби седум  години затвор за разбојништво  кое  го сторил  лани врз   старица во населбата Речани. Гулевски е прогласен за виновен во Основен суд Велес за настанот кој се случи на 2-ри февруари минатата година   на улица Димитрија Андонов Папрадишки   околу 23ч.  Ова е втора пресуда за овој случај, откако претходната кога беше изречена казна затвор од 12 години, Апелација Скопје  ја врати.  

Гулевски според обвинението  со фантомка на главата влегол во куќа кај жена на возраст од 80 години и и вперил пиштол, барајќи пари. Жената му рекла да си оди и дека нема пари.  Во тој момент, осомничениот го исекол кабелот од фиксниот телефон и ја врзал жената а со нож и ја повредил а во устата и ставил парчиња облека за да не вика и бара помош. 

Извршил пребарување во дневната соба по орманите и плакарите, а потоа извршил претрес и врз неа, па во долната облека кај неа пронашол 9.000 денари, истите ги земал  а оштетената ја оставил врзана во лежечка положба и заминал. Таа успеала да се ослободи и да пријави во полиција. Обвинетиот  е пронајден по  извршеното и препознавање од страна на оштетената.

Меѓу шестмината лица старицата го препознала Гулески, по ставот, бојата на очите, гласот.  Пресудата не е правосилна  тој останува во притвор до правосилноста на пресудата.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

  • на Охридско
  • на Дојранско
  • на Преспанско
  • на Јадран
  • на Црно море
  • на Егејот
  • на езеро Младост
  • на планина
  • дома пред тв и со ер кондишн
  • во Албанија
  • во Турција
  • преку викенд одам до Грција
  • на некој од базените во градов
Резултати