Седум пожари вчера во велешко

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден  во велешко се регистрирани седум пожари, кои освоен во два случаи не предизвикаа голема материјална штета, ниту има повредени лица. 

Според информацијата од командирот на ТППЕ, првиот е во 8,45 часот на ул. Димче Мирчев близу Ликовниот салон кога било опожарено возило.  Вториот е во 11,20 часот во село Црквино, каде  изгореле 1,2 илјади копи сено.   Единаесет пожарникари во две смени  таму биле се до  16,45часот. Само што го локализирале тој пожар, истовремено на две различни локации во градот избувнале два пожари.

 Во 17,10 во куќа покрај Вардар, на улица Ѓорги Оровчанов откако поради силниот ветер паднало дрво на блиската трафостаница дошло до искрење на жиците од што се запалил кровот на куќата и зафанал дел од неа.   Истовремено е добиена пријава за пожар во населба Дурутовец , трева на 10 декари. Испратена е и таму екипа а приорите е дадена на куќата во Велес. Таму е користена вода од Стоковна куќа бидејќи нема пристап за голема против пожарна кола, благодарност што железница го исклучи високиот напон за да можеме да работиме - изјави Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ од Велес.

Огнот во Дурутовец бил изгаснат пред да стигне до блиските објекти од населеното место. Исто така бил локализиран и пожарот во куќата покрај Вардар. Но пожарникарите имале интервенција и во текот на ноќта. Во село Караслари во 22 часот  била запалена сува трева а огнот бил локализиран во 23 часот.

Имавме тежок ден со седум интервенции, во кои беа вклучени и  новопримените лица. Но останува недостатокот од возила, бидејќи работевме со едно и со два џипа, како и со прирачни средства. Граѓаните треба да внимаваат на вакви услови, кога има силен ветер да не палат стрништа, да ја проверат домашната инсталација за да не доаѓа до пожари - додаде Лепидовски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати