Секоја трета родилка од Велес се породува во Скопје

Петар Печков

Секое трето бебе од Велес е родено во Скопје. Или лани во градот Велес имало 397 бебиња од нив 129 се родиле во Скопје. Од година во година трендот на породувања на велешките жени во метрополата расне. Ако во 2017-та и 2016-та четвртина од велешките новороденчиња биле родени во Скопје, во 2018-та таа бројка пораснала.  Ова се податоците од  ЈЗУ Здравствен дом, служба за превентивна здравствена заштита за предучилишните деца.

Овој тренд ги зафана и селата, но и соседните општини. Додека во годините наназад жените од велешките села за породување оделе во акушерското одделение на велешка Болница, како и жените од соседната Општина Чашка, во 2018-та дел од нив решиле да се породуваат во главниот град. Така 11 отсто од бебињата во велешките села се родени во Скопје, од Општина Чашка 22 проценти.   Во Општина  Чашка има еден случај на породување во домашни услови.   

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски ги повика сограѓанките да имаат поголема доверба во велешките гинеколози и акушерки. На акушерското одделение во ЈЗУ Општа Болница Велес годинава поради малиот број доктори, на помош доаѓаа специјалисти од Скопје.  

На мајките да им порачам   јавното здравство е доволно квалитетно, да не одат во приватните клиники за таму да се продуваат. Нека имаат повеќе доверба во докторите во јавното здравство. Така и јас моите здравствени проблеми ги решавам во јавното здравство, не во приватното   - рече градоначалникот Коцевски.

Лани во Општина Велес се родиле 662 бебиња што е за 62 помалку отколку во 2017-та година кога имаше вистински беби бум.  Во ЈЗУ Општа Болница Велес, на акушерското одделение во 2018-та биле родени 505 бебиња,  што е далеку помалку отколку претходните години- во  2017-та  биле родени  649 а во 2016-та  651. Во акушерското одделение  на велешката Болница се породуваат жени и од Свети Николе, Лозово, Росоман и Неготино. Но освен во Скопје десетина бебиња се родени во Битола. 

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати