Секој ден се повеќе граѓани примаат трета доза вакцина против ковид-19

Петар Печков

Се повеќе граѓани се вакцинираат со трета доза на вакцина за заштита од ковид-19. Денес за пет часа неа ја примиле 364 лица, сите тие се вакцинирани со „Фајзер“. Нив освен здравствените работници ја примаат и граѓаните кои се вакцинирани со било која кинеска, две дози а де се минати три месеци од втората.  

„Со секој ден, интересот за вакцинација со трета доза е се поголем. Неа ја примат освен здравствените работници  и припадници на полицијата.   Интересот за прва и втора доза е стабилен, ниту се зголемува ниту опаѓа, но сепак има лица кои ја примаат вакцината“ - кажа д-р Марина Тодоровска координатор за вакцинација за заштита од ковид-19.  

Кога започна да се пушта трета доза вакцина, беа пуштени 58 вакцини, па 155 и  223. Се пушта прва доза „Фајзер“, втора доза тоа што граѓаните го примиле како прва. Поради зголемениот интерес наскоро се најавува дека ќе продолжи  вакцинирањето на граѓаните во домашни услови, за лица неподвижни, болни или со попречености со трета доза но ако има заинтересирани и со прва. Начинот на комуникација, пријавување  е ист, како и претходно, со телефонска најава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати