Селските водоводи, без хлоринатори и најчесто загадени

Петар Печков

Водата за пиење, од селските водоводи, најчесто е загадена, бидејќи системите не се  хлорирани.   Тие кои се  хлорираат се добри за пиење, но тие што не` , најчесто се загадени.

Во селските  водоводи  кои немаат инсталирано хлоринатори, водата е загадена со ешерикија  коли и   не треба да се употребува.    Забуна прави кај месното население одбраната која   организмот   со годните ја создава.   Тие имаа одбрана   од бактериите и не можат да се убедат дека  водата не е квалитетна.     Тврдат  ,,јас ја пијам 20 години  и   не  ми е ништо,, . Ама ако се напие внуче кое дошло на  гости или некој  трет, се појавуваат   проблемите, со повраќање со чести и течни столици.    

Ако ги дадат водите на  користење на некое  јавно претпријатие да  се грижи , да ги одржува чисти, да се хлорира, тоа  треба да се плати. Кај нив се јавува отпор, водоводите ние ги градевме, наши се – да тоа е точно, ги граделе за да имаат вода, но за да имаат  чиста вода треба да се  преработи. Тоа е вечна дилема по селата. Така беше на  папрадишка колонија, селаните ја  пијат  од селската чешма со години ништо не им фали, ама гостите со проблеми.   Дури и водата во Башино село има  денови кога е неквалитетна за пиење. Повеќе има  кога е загадена отколку што не е загадена – изјави Флорентина Шурбевска Ристовска.   

Бројот на извршени проби на квалитетот зависи  од  бројот на жители кои ја консумираат.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати