Семир Алимов, кандидат за градоначалник на Велес од Бошњачки Демократски Сојуз

Петар Печков

Партијата Бошњачки Демократски Сојуз, денес на прес конференција објави дека ќе имаат свој кандидат за градоначалник ан Велес. Тоа е младиот Семир Алимов, роден 26.01.1990, жител на Горно Оризари, приватен стопанственик - Електротехничар за електроника и телекомуникации.
На прес конференција, претседателот  на партијата Мунир Колашинац,  најави дека ова е прво самостојно делување на Бошњачки демократски сојуз на некои избори.

„Нашата цел е да прикажеме планови, цели и реализација на истите, да не бидеме во редот на оние кои ветуваат, а не остваруваат. На овие избори ќе настапиме поинаку, ќе настапиме визионерски“ - кажа Колашинац.

Ова е четврти најавен кандидат за градоначалник на Велес, по тие , редоследно  како беа најавувани, Марко Колев - ВМРО-ДПМНЕ, Ненад Коциќ - СДСМ и Златко Арсов- Левица. Останува уште дилемата дали коалицијата ЛДП-ДОМ ќе има свој кандидат за градоначалник на Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати