Се бараат предлози за Општинските награди 9-ти Ноември и Гемиџии

Петар Печков

Комисијата  за општествени дејности при Советто   на  Општина Велес,  покрена иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветто Ноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2016 година.

Признанијата 9-ти Ноември се доделуваат на поединци, органи, организации, граѓански организации  и заедници чие дело и постигнати резултати се од значење за Општина Велес и нејзината афирмација во земјата и светот.

Предложениот кандидат да е жител на Општина Велес или тематски неговото дело да е поврзано за Општината Велес. Наградата за животно дело „Гемиџии“ се доделува на поединци за постигнати резултати во развојот и афирмацијата на Велес во државата и надвор од неа.

Комисијата  за општествени дејности покрена иницијатива и  за предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент  „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2016 година. Таа се доделува на студент од Општина Велес со завршена најмалку втора година од студиите на некој од универзитетите во Република Македонија и акредитираните универзитети во земјата и странство.

Кандидатот за награда на Општина Велес за најстудент „Проф. д-р Ѓорги Шоптрајанов“ треба да  е жител на Општина Велес и да има просечен успех во текот на целото студирање од најмалку 9,5.

Предлозите се доставуваат до Совет на Општина Велес, Комисија за општествени дејности  најдоцна до 14октомври 2016 година. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати