Се исчисти сметот од гробните места на двете цркви

Петар Печков

Во дводневна редовна акција, се чистеа градските гробишта од црквите Св. Спас и Св. Пантелејмон. Активноста беше извршена од вработени во Р.Е. Градска чистота на ЈКП Дервен.  
„Се чистеа пристапните патишта до гробиштата, и патеките околу гробните места. Исто така се кастреше и обраснатото зеленило“- соопштија од ЈКП Дервен.

Собрани се шест трактори со 17 м3 отпад,  9м3 од гробиштата и околината на  Св. Пантелејмон и  8м3 од Св. Спас.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати