Се палат нивите, пожари во велешко

Петар Печков

Неделата вечер  10-ти март околу 21.00 часот во СВР Велес било пријавено дека над село Богомила, велешко, настанал пожар во кој била зафатена шума и сува трева. Мерки за гаснење на пожарот преземени од   екипи од Територијалната противпожарна единица Велес, а за настанот биле известени и Македонски железници, бидејќи во близина поминувала железничка пруга.  

Неделата попладне  во 15,10 минути оган  избувнал во овоштарник на влезот во велешкото село Мартолци. Со брза интервенција на Протовпожарната единица од Велес е изгаснат за два часа подоцна во 17,10 минути. Пожарот бил на површина од околу два хектари, а освен дрвца од овоштарникот со оган било зафатено и сува трева и стрништа.

Имаме повеќе случаи овие денови кога сопствениците ја палат сувата трева по нивите и се јавува пожар. Имавме повеќе интервенции. Иако Законот е прецизен дека не смее да се палат стрништа, во пракса често се случува. Во моментов одиме по дојава за пожар во околината на село Степанци - вели командирот на ТППЕ Велес Љупчо Лепидовски.   

Поради пожар во близина на прилепско село Слепче, а заради проверка на железничката пруга која минувала во близина, патничкиот воз од Битола за Скопје кој во Велес треба да е во 15,20ч. засега задоцнува 40 минути. Или додека не се провери пругата дали е оштетена.  

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали е потребно забрана за користење на мобилни на наставата во училиштата?

  • да
  • не
Резултати