Се помалку случаи на заболени од туберколоза во велешко

Петар Печков

Туберколозата ја има се помалку во Македонија  и во велешко. Статистиката презентирана по повод  24 март Светски ден на  борба против  туберколозата, ја потврдуваат оваа констатација.  Мотото  годинава  е ,,Се бараат  лидери за свет  без туберколоза,,. Туберколозата е глобален медицински проблем пред се во  неразвиените земји или во земјите во развој а дури  третина од светската популација е инфицирана од туберколоза има латентна- инфицирани се но не се заболени од оваа болест и не можат да ја пренесат.

Во регионот на Повардарие, каде даваме здравстени услуги против туберколозата,  лани  имаше шест  ново заболени,  рецидиви нема.  Ппо  2 случаи  се со белодробна и вонбелодробна туберколоза и 2 се мешовити случаи.  Возраста на болните е од 30 до 78 години, а лани има и еден починат, тоа е пациент -случај на штитеник од Демир Капија.  Повеќето 4 се мажи и 2 жени. Терапијата се дава во АТ диспанзерот, лоциран во зградата на инфективното одделение при  ЈЗУ Општа Болница Велес. Споредено со  2016-та тогаш имаше 14 заболени од туберколоза, 11 нови  и 3  рецидиви. Од белодробна тб  беа 9, 2 од вонбелодробна и 3 мешовити. Мажи беа  11, 3 жени а  две лица починаа - изјави д-р Убавка Јаневска специјалист пнеумофтизиолог.

Лани вкупниот број на заболени од  туберколоза во Македонија е значително намален  поради што Глобалниот фонд си замина од Македонија. Тој финансиски  помагаше во искоренувањето на оваа заразна болест.  Лани  имало  220  болни, ново заболени се  198, рецидиви  22. Од белодробна туберколоза има  174 заболени а  од вон белодробна се 45 од кои најмногу се на  плеурити- воспаление на белодробна  обвивка. Споредбено во 2016-та кога имало  267 заболени, или лани помалку  за 47 што укажува дека сме во земјите со многу низок  процент на заболени од туберколоза.

Превентива за ова е болест која е на  социјално загорзените групи е  вакцинацијата со БСЖ уште во првите 40 дена од животот. Потоа  заштита при кашлање да се стави рака, бидејќи болеста така се шири, се пренесува при кашлање од човек на човек - додава д-р Јаневска.

Датумот 24 март го означува денот во 1882 година, кога д-р Роберт Кох објавил дека ја открил бактеријата која предизвикува туберкулоза со што се отворил патот кон дијагностицирање и лекување на оваа болест. И покрај значителниот напредок, во текот на последните децении, ТБ продолжува да биде една од водечките причини за смрт помеѓу заразните заболувања, со околу 4500 смртни случаи дневно.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати