Се помалку ученици во велешките училишта, годинава завршија 124 помалку од лани

Петар Печков

Бројот на ученици во велешките основни и средни училишта, постојано е во опаѓање. Споредбените бројки за оваа, штотуку завршена учебна година и ланската се потврда за оваа констатација.

Во основните училишта  годинава учеле 4446  додека  лани  4500 ученици, или  54 помалку ученици годинава.  Бројот на завршени ученици во деветто одделение,  годинава бил 433 а лани завршиле 464,  што е вкупно 31 ученик  помалку завршени годинава.

Во  средните општински училишта годинава  имало 2023 а  лани имало 2093 ученици или  има помалку 70 ученика.  Завршени ученици со III и IV степен на средно образование, лани имало 554, а годинава 419, разликата е 135 ученици помалку годинава.

Овие бројки  покажуваат дека трендот на опаѓање на бројот на ученици продолжува - вели градоначалникот  Коцевски.

До  10 јуни, бројот на ученици кои се регистрирани како пријавени  во општинските основни училишта на територија на Општина Велес е следен  „Панко Брашнаров”  44,  „Св. Кирил и Методиј” 26,  „Блаже Конески” 47, „Васил Главинов” 60,  „Рајко Жинзифов” во Горно Оризари  25 и „Стојан Бурчевски Буридан” во село Иванковци  7 или вкупно се пријавени  209 ученици.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати