Се преврте трактор едно дете почина, едно се бори за живот

Петар Печков

Во сообраќајна незгода која се случи вчеравечер, петок, едно дете почина а едно се бори за живот. Несреќата се случила откако се превртел  трактор, во чија приколка биле четири деца. Несреќата се случила во близина на селото Бузалково.

Околу 20 ч. на крстосницата за селата Сливник и `Рлевци се случила сообраќајна незгода кога тракторот марка ИМТ  542 во велешки регистарски таблички  тргнал на удолнина и се превртел.  Возилото го управувал С.С. (18 год) од село Бузалково  а на  тракторот била прикачена импровизирана метална корпа во која имало четири деца сите од истото село. Две од нив биле на 10 годишна возраст, едно на 8 и едно на пет. Извршен е увид од екипа на СВР Велес и јавен обвинител - изјавија од МВР.  

Трите  повредени деца со возилаод селото,  биле префрлени во велешката Болница.  

На хируршкото одделение  примени се три деца. Највозрасното од нив 10 годишното веќе било починато, пет годишното во тешка здравствена  состојба е префрлено на КАРИЛ во Скопје а осум  годишното дете е со лесни телесни повреди и е задржано на лекување - изјави Весна Лазаревска портпарол на ЈЗУ Општа Болница Велес.

Пред три години, во август 2015-та во близина на село Бузлаково исто така се превте трактор, едно 13 годишно дете почина а три беа повредени, едно потешко, двете имале полесни повреди. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати