Се проучуваше долниот тек од реката Тополка

Петар Печков

Учениците од ОУ Рајко Жинзифов  од Горно Оризари  за деновите на пролетта, денови на екологијата го истражуваа   долниот тек на реката Тополка,  садеа цвеќе, шетаа по околината на населбата,  

Во овие настани беа опфатени сите ученици од прво до деветто одделение.   Учениците засадија 70 садници цвеќе кое сами го обезбедија, изведоа пролетна прошетка до Баир восочина која е во непосредна близина Оризари.

Беше истражувана  животната средина по текот на реката Тополка. Учениците ги истражуваа растенијата кои се среќаваат по должината на реката и собираа примероци од листови и цветови воочувајќи ги варијациите помеѓу нив  - бројот на лисни плочи на една лисна дршка,нивната форма и големина, разлика во бројот на венечни ливчиња, бојата, формата, мирисот,начинот на опрашување кај цветовите – велат од училиштето.  

Овие  еколошки акции се со цел подигнување на еколошката свест кај учениците и грижата за здрава и чиста околина.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати