Се роди првото бебе во 2017-та

Петар Печков

На први јануари,   утрово во акушерското одделение во Велешката Општа Болница се роди првото бебе.  Машко, а го роди велешанката Тања Ристова.

Првото новородено бебе се роди во 5 часот. Тоа е машко тешко 3,370 кг. 51 цм долго. Во добра здравствена состојба се  и мајката и бебето. Набргу потоа се роди уште едно машко бебе – рече  гинеколог –акушер д-р Соња Димова. 

Пресреќна сум.  Ова ми е   најголемата желба кој ми се случи и оствари. Натаму е здравје, успех, среќа и  малиот да расте – рече Тања Ристова,  која работи   како козметичар.    Неа и  на сопругот  и татко Александар    ова им  е  прва рожба. 

 На првороденчето градоначалникот подари  чек од 12 илјади денари, додека неговата сопруга Весна  играчка  мече. Во велешката болница лани се родиле  651 бебе. 

 Еве ја статистиката колку бебиња се родиле последните пет години  во Болницата во Велес.  

2011-та  720,  2012-та  789,  2013-та  749 ,  2014-та  739 , 2015-та  815

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати