Се сече млада дабова шума кај Сујаклари, надлежните велат не е млада туку е деградирана

Петар Печков

Млада шума се сече во близината  на езеро Младост. За ова алармираат жителите на велешкото село Сујаклари. Тие за ова ги информирале членовите на Еколошкото друштво Вила Зора од Велес. Нивните членови биле на лице место и констатирале дека во тоа подрачје има  исечени стебла од млада шума.

Пристигнаа поплаки за сечење на млада шума во атарот на село Сујаклари од страна на ШС ,,Бабуна" од Велес. Врз основа на реакциите, дека се сече млада шума која и така недостасува во околината на овие села,  волонтери на ЕД Вила Зора направија увид на лице место, констатирана е и евидентирана состојбата – изјавија од ЕД Вила Зора.

За сечењето на младата шума  тие писмено се обратиле до Министерството за земјоделие и шумарство како и до ЈП Македонски шуми. До овие две институции поднесено било барање да се изврши увид, да се преиспита одлуката за сечење на младата шума и по кои критериуми одлуката била донесена.  Од ШС „Бабуна “ од Велес,  објаснија дека  тие  спроведуваат сеча, на овој случај на дабови садници,  за што  одобрение дало и Министерството и Инспекторатот.

Ние не учествуваме во носењето на одлуки, кои површини ќе се сечат. Решенијата за сеча ги носи Министерството  и рецензионата комисија. Ние добивме таков документ потпишан од министерот, дека шумата за која има реакции , е деградирана и нема прираст. За да се обнови потребно е да се исече и засади со нови садници. Таму има квалитетна подлога и дрвјата брзо растат.  За нас е тоа легална сеча, за која е известен и Инспекторатот, кој даде одобрение за сеча. Тоа не е млада шума туку  се деградирани садници кои немаат прираст и за сечењето  се издадени сите потребни документи. На истата површина ќе се засадуваат нови садници – кажа Љубенка Попова директор на ШС „Бабуна “ Велес.

Таа дополни дека жителите на селото Сујаклари  кои реагирале за сечењето, од друга страна често барале  кај нив  дозвола за сечење на дрва, кои биле  нивен приватен имот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати